Колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао е многу блиску до потпис со Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.
Последните недели се шпекулираше околу евентуалниот трансфер на играчот на Монако во Реал, Барселона или Ливерпул, но изгледа дека Фалкао е најблизу до преселба во Торино.
Монако, наводно, ја прифатиле понудата на Јувентус за позајмица вредна дури 20 милиони евра, со можност за откуп на играчот следната година. Се очекува 28-годишниот Колумбиец оваа недела да премине во Јувентус.
Сјајниот напаѓач се врати на почетокот на сезоната после повеќемесечна пауза поради тешка повреда на коленото, а во неделата му ја донесе првата победа на Монако против Нант.
Фалкао минатото лето пристигна во Монако од Атлетико Мадрид за 60 милиони евра, а до јануари на 20 натпревари постигна 11 голови.