29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСАД: За првпат повеќе Интернет претплатници од корисници на кабелска телевизија

САД: За првпат повеќе Интернет претплатници од корисници на кабелска телевизија

internet-globe

Во САД за првпат бројот на претплатници на Интернет го надмина бројот на претплатници на кабелски телевизиски услуги.

Регистрирани се 49.915.000 претплатници на широкопојасен Интернет, додека бројот на претплатници на
кабелска телевизија изнесува 49.910.000, што е минимална разлика, објави СЕЕбиз.

Сите кабелски интернет оператори изминатото тримесечје оствароле раст на бројот на претплатници на широкопојасен Интернет, регистрирајќи 380.000 нови клиенти.

Истражувањето на компанијата ЛРГ покажува дека поголем дел од испитаниците се претплатници на двете услуги, но и дека постои промена на навиките на американските корисници, така што Интернетот полека ја надминува телевизијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП