20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтрав и трепет: McLaren P1 GTR (фото)

Страв и трепет: McLaren P1 GTR (фото)

504703_mclaren-p1-gtr-front-34_ff

„McLaren“ соопшти дека „P1 GTR“ има една и единствена цел: „да биде најдобриот тркачки автомобил во светот“. Без никакви амбиции овој „ѕвер“ да се оспособи за легално возење по отворени патишта, „McLaren“ целата своја моќ ја внел во проектот кој сега за прв пат можеме да го видиме во вид на дизајнерски концепт.

504698_76869mclaren-p1-gtr-front_ig

Под хаубата се наоѓа 3.8-литарски твин-турбо V8 мотор од „P1“ моделот, кој е додатно унапреден да произведува неверојатни 986кс.

504706_mclaren-p1-gtr-side_ig

Најголемо подобрување е направено во аеродинамиката на автомобилот кој според компанијата е подготвен за „уште поекстремни перформанси“.

504704_mclaren-p1-gtr-rear-34_ig

Предниот дел е поширок и има поголем сплитер во стилот на „GT“. Ладењето на моторот и сопирачките се подобрени, додека пак, висината на автомобилот е додатно намалена. Ретровизорите се преместени на А-столбот за додатно да се намали отпорот на воздухот, а тука се и специјалните 19-инчни тркала.

504705_mclaren-p1-gtr-rear_ig

Активната аеродинамика може да се забележи на задниот дел каде е спојлерот кој користи хидрауличен систем за намалување на отпорот.

Цената на овој тркачки „змеј“ изнесува 2.5 милиони евра, забрзувањето до 100км/ч сигурно ќе биде подобро од 2.8 секунди, колку што бележи „P1“, а иако официјално не е потврдено, се верува дека ќе бидат произведени максимално 30 примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП