Манчетсер Јунајтед е подготвен да потроши 125 милиони евра за Анхел Ди Марија, пренесуваат англиските медиуми.
Во оваа сума влегува комплетниот трансфер вклучувајќи ја петгодишната плата за Аргентинецот и оштетата за Реал Мадрид.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед сака до крајот на преодниот рок да донесе засилување од светска класа, а изборот наводно паднал на Ди Марија.
Манчестер би му платил на Реал Мадрид 60 милиони евра, а за Ди Марија неделната плата би била 250 илјади евра.