21 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМагнетот за трофеи се нарекува Тони Крос!

Магнетот за трофеи се нарекува Тони Крос!

toni pehari1

Тони Крос ја живее сезоната од сонишата, а може да се каже дека тоа што тој го има направено во последните 3-4 месеци, многу малку фудбалери може да го направат во целата своја кариера.

Германскиот репрезентативец буквално ги остварува своите фудбалски фантазии, а според податоците веројатно е играчот кој го соборил рекордот според работите кои успеал да ги освои во најкраток временски период. Одличнот играч од средниот ред, кога ќе се погледнат последните 10 натпреварувачки средби на кои настапил, освоил дури четири големи трофеи, а покрај тоа никако неможе да се заборави дека според индексот на корисност бил и најдобар играч на Мундијалот.

Поранешниот играч на Баерн во последните официјални средби го подигна пехарот наменет за шампионот на Бундеслигата, следуваше трофејот од Купот на Германија, стана светски првак и го освои Суперкупот на Европа. Сето ова започна на 11-ти мај кога со минхенскиот клуб го освои германското првенство, потоа една недела подоцна триумфираше и на средбата за Купот во својата земја.

toni pehari

Следеше Светското првенство во Бразил каде со „панцирите“ ја подигна „Златната Божица“, а кулминираше со неговото доаѓање во Реал Мадрид со кој во вторникот го освои европскиот Суперкуп. Во овој период Крос одигра 10 средби, од кои седум на Мундијалот.

Сепак, тој може да стане уште поуспешен, затоа што има можност по уште две средби да го освои и петтиот трофеј, затоа што го очекуваат дуели во Суперкупот на Шпанија, меѓу неговиот Реал и шампионот на оваа земја, Атлетико Мадрид, кои се на програмата на 19-ти и 22-ри август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП