7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota FT-1 Graphite (фото)

Toyota FT-1 Graphite (фото)

graphite

„Toyota“во својата историја имала бројни спортски икони. Моделите„2000GT“, „Celica“, „Supra“, „MR2“, а тие го отворија патот на денешната „Toyotа GT86“.

На почетокот на годината јапонскиот производител ја разбранува автомобилската јавност кога на саемот во Детроит го претстави концептот „FT-1“.

graphite1

Овој автомобил повторно ја подгреа надежта на фановите дека „Toyota“ наскоро би можела да започне да го произведува наследникот на моделот „Supra“.

Сепак, до реализација на продукциската верзија, ако тоа се случи, нема да дојде така брзо.

graphite2

„Toyota FT-1“ е дизајнирана во студиото „Calty Design Research“ во Калифорнија, а возилото се уште претставува некој вид на дизајнерска студија, со оглед дека и натаму нема информација за погонската единица.

Јапонскиот производител очигледно се уште ги тестира реакциите и собира повратни информации од љубителите на автомобили и експертската јавност, а со тоа да бидат сигурни дека се на добар пат.

graphite3

Во согласност со тоа, посетителите на манифестацијата „Concours d’Elegance“ во Пебл Бич ќе имаат можност да ја видат новата верзија на концептот „Toyotа FT-1 Graphite“.

За разлика до примерокот од Детроит, кој имаше тркачки имиџ, оваа „Toyota FT-1“ доби одредена доза на елеганција која покрај изборот на бојата на надворешноста, се гледа и во дизајнот на ентериерот кој е обложен со светло кафена кожа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП