4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLada Vesta - Новиот дизајнерски јазик на рускиот производител

Lada Vesta – Новиот дизајнерски јазик на рускиот производител

lada vesta 2112

„Lada“ успеа да ја преживее транзицијата, но го задржа имиџот кој го имаше за време на комунизмот. Со цел да го подобрат својот виртуелен идентитет на моделите на оваа руска марка, ангажиран е нов дизајнер, Стив Матин. По првиот концепт, „SUV“ возилото „X Ray“ од 2012-та, наскоро ќе биде претставена и нова лимузина, „Lada Vesta“.

Се очекува концептот на новиот седан да има премиера на крајот на август на саемот за автомобили во Москва, а во можност сме да ги видиме и првите неофицијални фотографии од ова возило.

Новата лимузина е дизајнирана да личи на концептот „X Ray“, кај кој предниот дел, односно маската и браникот, се стилизирани во формата на буквата „Х“.

lada vesta1

Oд концептот „X Ray“ се превземени и рељефните странични површини на возилото.

Иако не е премногу оргинален, задниот дел на возилото изгледа значително помодерно во споредба со досегашните модели на „Lada“.

Покрај „шпионските“ фотографии кои се направени на улиците на Москва, објавена е и официјална фотографија од внатрешноста на концептот „Vesta“. На неа исто така е забележан значителен напредок во дизајнот.

lada vesta 2

По премиерата на концептот, сериската „Lada Vesta“ би требало да се појави во продажба кон крајот на 2015-та година.

Автомобилот ќе го наследи застарениот модел „Ladа Priora“, а почетната цена на рускиот пазар ќе биде околу 400.000 рубљи (8.300 eвра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП