5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈуве и Милан во битка за Лавеци!

Јуве и Милан во битка за Лавеци!

lavezzi232

Јувентус и Милан може да влезат во трансфер битка за потписот на напаѓачот на ПСЖ, Есекиел Лавеци. Фудбалерот е во видното поле и на двата клуба, кои се подготвени да испратат понуди за него, особено откако тој одби да потпише нов договор со „светците“.

Агентот на Лавеци водеше преговори за обновување на договорот на играчот во последните денови, но не успеа да се договори со шефовите на клубот и разговорите беа прекинати без резултат.

Тоа е прилично сигурен знак дека Аргентинецот нема да остане на „Паркот на принцовите“, особено откако кон него има толку сериозен интерес. Милан одамна ја следи ситуацијата околу играчот, но и Јувентус има желба да го земе во своите редови, а дури се смета дека „бјанконерите“се фаворит за неговиот потпис.

Клубот од Ториное подготвен да му понуди договор за наредните четири години, како и можноста повторно да игра во Лигата на Шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП