3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSaab повторно пред банкрот!?

Saab повторно пред банкрот!?

saab bank

Иако изгледаше дека кризата во која „Saab“ се најде во 2011-та година е завршена со продажбата на „NEVS“, a опасноста од банкрот е отстранета, агонијата на шведската автомобилска марка продолжува.

Некогаш угледниот производител на автомобили потворно се најде во проблеми и е пред неизвесна судбина.

Иако во 2013-та започнаа со пробно производство на обновениот модел „Saab 9-3“, новиот сопственик, „National Electric Vehicle Sweden“ (NEVS) во мај ги стопираше погоните во фабриката во Тролхатан во Шведска, поради новонастанатите финансиски проблеми.

Во соопштението на „NEVS“ тогаш беше наведено дека една од компаниите која го финансира овој конзорциум, „Qingbo Investment“, не ги исполнила своите обврски, па единствен финансиер за производство на „Saab“ остана вториот партнер во „NEVS“, „National Modern Energy Holdings“.

Недостатокот на финансиски средства доведе до тоа „NEVS“ да не е во можност да ги исплати добавувачите. Еден од нив, „LaboTest AB“, го загуби трпението. Оваа компанија на 12-ти август поднесе барање до судот во Шведска да прогласи банкрот на „NEVS“, со цел да ги наплати долговите во висина од 16.300 eвра.

Судот на ова барање ќе одлучува на 8-ми септември, а „NEVS“ би можел да се спаси од банкрот ако во меѓувреме пронајде нов финансиер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП