28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул го договори Морено

Ливерпул го договори Морено

moreno 30

Ливерпул ја договори трансферната сума со Севиља за правата за дефанзивецот Алберто Морено, кој ќе биде уште едно ново засилување во составот на „црвените“ во ова лето.

Зделката беше очекувана, откако Морено остана надвор од составот за дуелот за Суперкупот на Европа против Реал Мадрид. Англискиот клуб потврди за договорот на својата веб страница.

„Ливерпул може да потврди дека постигнал договор со Севиља за трансферот на шпанскиот репрезентативец Алберто Морено. Се очекува сите формалности околу овој трансфер да бидат завршени во текот на следните неколку дена“, се вели во соопштението на „црвените“.

Пред натпреварот за Суперкупот тренерот на Севиља, Унеи Емери изгледаше дека сака да го задржи играчот кој има долгогодишен договор со клубот. Но упорноста на Ливерпул сепак се исплатеше и тој го призна поразот на пресконференцијата по натпреварот.

„Притисокот продолжи месец и половина. Сега сме во Англија и во близина на тимовите кои се заинтересирани за Алберто. Сакаме да му посакаме се најдобро“, изјави тренерот.

Аналитичарите во Англија сметаат дека Морено ќе биде последното ново засилување во составот на Брендон Роџерс, кој инвестирашемногу во обидот да се згусне составот пред новата сезона во Премиер лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП