26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMaserati нема да прави помали и поевтини модели

Maserati нема да прави помали и поевтини модели

maserati ghibili 38r5

И покрај планот до 2018-та година да ја зголемат продажбата за 5 пати во однос на испорачаните автомобили во 2013-та, „Maserati“ нема во план да произведува помали возила од моделот „Ghibli“.

Покрај тоа, од компанијата пристигнуваат вести дека во понудата нема да се најде „Maserati“ кое ќе биде поевтино од „SUV“ моделот „Levante“ кој е најавен за 2015-та година.

Иако не планираат да произведуваат поевтини автомобили од овие два модели, италијанскиот производител не ја отфрал можноста за намалување на цената на некои од постоечките модели, што нормално ќе допринесе за зголемување на продажбата и достигнување на посакуваната цел до 2018-та година.

Како што пренесува авто-магазинот „Motoring“, „Maserati“ ќе мора да се трансформира од производител на „егзотични“ автомобили во компанија која изработува „ексклузивни“ возила, па така да ја зголемат продажбата од 15.700 единици колку што пласираа во 2013-та, на планираните 75.000 примероци.

Се верува дека „SUV“ моделот „Levante“ значително ќе допринесе за растот на продажбата и дека тоа ќе биде новиот најпродаван автомобил во гамата на „Maserati“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП