28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСилва потпиша нов петгодишен договор

Силва потпиша нов петгодишен договор

silva 3820

Шпанскиот репрезентативец во редовите на Манчестер Сити, Давид Силва, потпиша нов петгодишен договор со клубот.

„Од моментот кога се приклучив на тимот пред четири години, се чувствував како да сум во својот втор дом“, рече Силва за официјалниот сајт на „граѓаните“.

28-годишниот шпански репрезентативец се приклучи на англискиот клуб во 2010-та година од Валенсија, а актуелниот шампион на Англија за него плати 24 милиони фунти.

„Во изминатите четири години постигнавме исклучително многу заедно, достигнувајќи до една од доминантните сили во Англија. Сега, кога ќе погледнете наоколу во соблекувалната, не гледам причина да не станеме еден од топ тимовите во светот“, додаде тој.

Шпанскиот играч од средниот ред создал 367 можности за гол за своите соиграчи откако се придружи на тимот пред четири сезони, според сајт за статистика „OptaJoe“. Покрај Силва ова лето долгорочни договори со клубот потпишаа Александар Коларов и Самир Насри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП