9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФелаини пред трансфер во Наполи!?

Фелаини пред трансфер во Наполи!?

mauran felaini 3948

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини, изјавил дека сака да го напушти тимот. Тој му рекол на менаџерот Луис ван Гал, дека сака да премине во Наполи, тврди „Газета дело спорт“.

Претставниците на носителот на Купот на Италија веќе почнаа преговори со раководството на „црвените ѓаволи“. Желбата на Италијанците е да го привлечат Белгиецот како позајмен играч за една година.

26-годишниот играч исто така направил чекор напред за завршување на трансферот во разговор со Луис ван Гал.

Белгискиот репрезентативец беше доведен во Јунајтед во минатото лето од својот поранешен менаџер во Евертон, Дејвид Мојс. Тој сепак не се претстави во добро светло на „Олд Трафорд“, а освен тоа пропушти дел од сезоната поради повреда.

„Дејли мејл“ го стави во листата со играчи на кои Ван Гал нема да смета во новата сезона. Во него се уште Луис Нани, Рафаел, Андерсон и Хавиер Ернандез.

Тренерот на Наполи. Рафаел Бенитез потврди дека има интерес кон Фелаини, уште пред една недела. „Фелаини? Тој не е наш играч. Сето тоа зависи од Манчестер Јунајтед“, изјави Шпанецот.

„Газета дело спорт“ додава дека од раководството на англискиот клуб се согласуваат да го дадат полудефанзивецот како позајмен играч, но се уште има отстапувања во преговорите. Изданието тврди дека износот што го дели Фелаини од Наполи е 3 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП