27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМартино е новиот селектор на Аргентина!

Мартино е новиот селектор на Аргентина!

tata martino argentina

Поранешниот тренер на Барселона, Херардо Мартино е новиот селектор на Аргентина, тврди „Ел Мундо Депортиво“. Назначувањето на 51-годишниот специјалист се уште не е официјално, но се очекува во наскоро да биде објавено.

Се очекува договорот да биде до 2018-та година, но ситуацијата е комплицирана од фактот дека новиот претседател на Фудбалската асоцијација на Аргентина Луис Сегура може да ја напушти функцијата во 2015-та година.

Инаку Мартино ќе располага со истиот штаб, со кој ја раководеше Барселона. Негови помошници ќе се Хорхе Паутасо и Елвио Паолоросо. Тоа беше едно од главните услови на Мартино во преговорите со раководството на „AFA“. Освен тоа, во репрезентацијата на Аргентина ќе работи поранешниот одбранбен играч на Манчестер Јунајтед и Реал, Габриел Хајнце по крајот на натпреварувачката кариера.

Мартино ќе дебитира на чело на „гаучосите“ на 3-ти септември во Дизелдорф во пријателскиот натпревар против Германија. Тој доаѓа на местото на Алехандро Сабеја кој ја предводеше Аргентина во финалето на Светското првенство во Бразил, каде што беа поразени од „панцирите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП