28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМангала е новото име во редовите на „граѓаните“

Мангала е новото име во редовите на „граѓаните“

FC Porto v Olympique Marseille - Pre-Season Friendly

Англискиот шампион Манчестер Сити потпиша со можеби последното ново засилување за ова лето. Тоа е дефанзивецот Елиакуим Мангала, кој досега ги бранеше боите на Порто.

На сајтот на „граѓаните“ официјално беше објавено дека договорот на Французинот ќе биде за наредните пет години. Дефанзивецот ќе го носи дресот со број 20, а презентацијата ќе биде подоцна денес.

„Манчестер Сити е еден од најголемите европски клубови. За мене беше важен чекор да го напуштам Порто и да дојдам тука, за да продолжам да ја развивам кариерата во нагорна линија. Сакам да освојувам титули и верувам дека можам да го направам тоа“, вели Мангала.

„Јас сум амбициозен и ќе го покажам тоа тука. Многу сум среќен што ќе дојдам во Англија, бидејќи за мене тоа е најсилното првенство во светот. Со нетрпение очекувам да започнам да играм. Мило ми е што Фернандо дојде тука, бидејќи со него игравме во Порто“, изјави Мангала за сајтот на клубот.

Роден во Париз, дефанзивецот е шестото ново засилување на Сити ова лето. Се очекува со неговото привлекување да заврши и селекцијата на „граѓаните“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП