3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКуадрадо нa чекор до трансфер во Јунајтед!?

Куадрадо нa чекор до трансфер во Јунајтед!?

huan-kuadrado992382

Колубиската ѕвезда на Фиорентина Хуан Куадрадо изгледа е се поблиску до заминување од Фиренца. Според весникот „Ел Мундо Депортиво“, тој веќе ги договорил личните услови со англискиот гигант Манчестер Јунајтед.

Изданието се интересира за сагата околу фудбалерот, бидејќи интерес кон него има и од Барселона. Шпанскиот весник оценува дека шансите на „каталонците“ да потпишат со него се минимални.

Според информациите „ѓаволите“ понудиле 39.5 милиони евра, но Фиорентина за него сака 50 милиони евра и затоа клубот од „Олд Трафорд“ е главен фаворит за неговиот потпис, иако се уште не можат да се договорат со „виолетовите“.

Англичаните имаат тенденција да понудат 43 милиони евра за Колумбиецот, а износот може да биде блиску до тој што го бараат Италијанците во зависност од неговата презентација и заработените трофеи. Фиорентина сепак не се откажува од одредената цена.

Се очекува во наредните денови да има развој во овој трансфер, а веројатноста Куадрадо да остане во Фиренца е ништожна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП