25 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОAтлетико Мадрид ќе испрати понуда за Ројс!?

Aтлетико Мадрид ќе испрати понуда за Ројс!?

rojso3

Eкипата на Атлетико Мадрид е сериозно заинтересирана за фудбалерот на Борусија Дортмунд Марко Ројс, пренесува „As“. Според изданието, „јорганџиите“ ќе сторат се,за се повеќе да го зајакнат тимот, особено по минатогодишната успешна сезона.

Атлетико сепак не е единствениот состав, кој е заинтересиран за Ројс. Според информациите кои ги пренесоа различни медиуми Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Барселона, како и Баерн Минхен, исто така го сакаат играчот.

Добро запознаени сепак велат дека Ројс тешко дека ќе премине во Баерн, со оглед на скандалот што изби меѓу Баварците и „жолто-црните“. Односите се влошија меѓу двата клуба, откако Карл-Хајнц Румениге најави дека клаузулата за одрекување во договорот на фудбалерот е еквивалентна на 35 милиони евра, а догодина ќе стане 25 милиони евра и тие тогаш ќе ја уплатат.

Ројс има договор со тимот од Дортмунд до 2017-та година, но сепак уште малку време останува до крајот на летниот преоден рок, па останува да се види што точно ќе се случи со овој играч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП