4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООд „Олд Трафорд“ пристигнува нова понуда за незадоволниот Аргентинец

Од „Олд Трафорд“ пристигнува нова понуда за незадоволниот Аргентинец

man utd maria

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед најверојатно испратил понуда од 55 милиони фунти, односно околу 69 милиони евра, на Реал за Анхел ди Марија.

Аргентинскиот интернационалец е подготвен да го напушти „кралскиот клуб“, поради тоа што ова лето европскиот шампион се засили со Тони Крос и Хамес Родригез.

За Ди Марија заинтересиран беше и ПСЖ, но најверојатно се испостави дека тој е прескап за „светците“, кои имаат лимитиран буџет поради кршењето на финансискиот ферплеј.

Поради тоа што ПСЖ се откажа од трката за потписот на Аргентинецот, Јунајтед ја зголеми својата претходна понуда, а медиумите пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ сега се подготвени да дадат скоро 70 милиони евра. Во тој случај Ди Марија ќе потпише петгодишен договор со неделна плата од 150.000 евра.

Ди Марија потекнува од аргентиснкиот клуб Росарио Сентрал, во 2007-ма премина во Бенфика, а три години подоцна го облече дресот на Реал. Тој за репрезентацијата на Аргентина одигра 52 средби и постигна десет голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП