Раководствата на Арсенал и Барселона постигнале договор за премин на белгискиот репрезентативец Томас Вермален во редовите на „каталонците“.
Според информации на „BBC“, трансферната сума за дефанзивецот која ќе ја добијат „топџиите“ е 15 милиони фунти.
Белгиецот ќе го напушти Лондон по пет години престој, 150 натпревари и 15 гола. Тој беше доведен од Арсен Венгер за 10 милиони фунти од Ајакс.
Минатата сезона Вермален доживеа серија повреди и го загуби своето место во првиот состав на Арсенал за сметка на Лоран Кошчиелни. Французинот одлично се вклопи во тандемот со Германецот Пер Мертезакер.
Вермален беше посакуван и од Манчестер Јунајтед, но „црвените ѓаволи“ се откажаа од преговорите поради желбата на „топџиите“ да добијат играч како дел од договорот.
Еден од замениците на Белгиецот може да биде данскиот дефанзивец на Ливерпул, Даниел Агер. Тој го загуби своето место во првиот состав на „црвените“ и вчера поднесе барање за трансфер.