4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул сега го посакува Кавани

Ливерпул сега го посакува Кавани

edison kavanite

Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани добил понуда од раководството на Ливерпул, изјави неговиот агент Клаудио Анелучи.

Уругвајскиот репрезентативец е новата цел на „црвените“ кои продолжуваат со потрагата на соодветна замена за голгетерот Луис Суарез кој замина во Барселона.

„Црвените“ веќе беа одбиени од ѕвездата на Монако, Радамел Фалкао, кој според информациите е само на чекор од трансфер во Реал Мадрид.

„Има голем интерес за Единсон во последните шест месеци. Можам да потврдам дека Кавани доби понуди од Ливерпул и Арсенал. Тој би се радувал да игра во Англија, но се уште не е донесена конечна одлука. Тој не е заинтересиран за пари и слава, туку сака само да е среќен на теренот“, објасни Анелучи пред англискиот „Мирор“.

Според медиумите на Островот, Кавани би се согласил да премине на „Енфилд“, ако добие главната улога во нападот на „црвените“. Во моментов во ПСЖ тој се натпреварува со Златан Ибрахимовиќ, кој се опорави од повредата.

Ливерпул веќе се засили со напаѓачот на Саутемптон, Рики Ламберт, но во досегашните натпревари од подготовките на тимот тој не импресионираше особено со настапот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП