2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAllianz објави 11% раст на профитот за вториот квартал

Allianz објави 11% раст на профитот за вториот квартал

allianzce

Најголемата европска осигурителна компанија, „Allianz SE“, објави 11% раст на профитот за вториот квартал, поради помалите побарувања поврзани со природни катастрофи и повисоката добивка од делот за живот и здравствено осигурување.

Нето добивка на компанијата изнесува 1,76 милијарди евра, во споредба со 1,59 милијарди евра од една година порано. Прелиминарните очекувања на економистите кои учествувале во истражувањето на „Bloomberg“ беа за позитивен резултат во износ од 1.55 милијарди евра.

Поплавите во Централна Европа го намалија профитот за минатата година со околу 330 милиони евра. Оперативната добивка на единицата за осигурување Капиталот и Несреќа се зголемила за 14% до 1,35 милијарди евра во вториот квартал од 2014-та година.

Профитот од осигурувањето на живот и здравствено осигурување, пак, бележи раст од 47% или до 984 милиони евра. „Allianz“ го потврди таргетот за заедничкиот оперативен профит во износ од 9,5 – 10,5 милијарди евра за оваа година.

Оперативната добивка во Единицата за управување со средства на компанијата што ги вклучува „Pacific Investment Management Co.“ и „Allianz Global Investors“, бележи пад за 165 милиони или до 675 милиони евра.

Акциите на „Allianz“ поевтинија за 7.1% од почетокот на годината, а со тоа се утврдува дека пазарната капитализација на компанијата изнесува 55 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП