3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ѓаволите“ даваат 38 милиони за Бенатија!

„Ѓаволите“ даваат 38 милиони за Бенатија!

bentija2

Манчестер Јунајтед е на пат да оствари изненадувачки трансфер со кој ќе ја засили својата одбрана за новата сезона.

„Црвените ѓаволи“ имаат испратено солидна понуда од 38 милиони евра за дефанзивецот на Рома, Меди Бенатија, тврди „Дејли Експрес“ и веројатноста таа да биде усвоена не е воопшто мала.

Досега од Рома категорично одбиваа да се разделат со 27-годишниот Мароканец. Предлози за него имаше од страна на Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити, но тие не беа прифатени.

Сега, донекаде изненадувачки, во битката за потписот на овој играч се вклучи и Манчестер Јунајтед, кој излезе со конкретен предлог пред конкурентите.

На „Олд Трафорд“ прават се што е можно за да го засилат центарот на одбраната, особено по заминувањето на Немања Видиќ и Рио Фердинанд.

По се изгледа дека „црвените ѓаволи“ нема да успеат во доведувањето на основната цел, Томас Вермален и најверојатно поради тоа од клубот се пренасочени кон Бенатија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП