27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДиего Лопез заминува во Милан?

Диего Лопез заминува во Милан?

diego lopez 459

Непотребниот во Реал Мадрид, Диего Лопез речиси сигурно ќе ја продолжи кариерата во Милан, тврди „Marca“.

Голманот си бара нов клуб, бидејќи стана непотребен по привлекување на Кеилор Навас. За Лопез италијанскиот клуб ќе плати 2,5 милиони евра, а истата сума играчот ќе ја добие како плата за сезона.

Се очекува зделката да биде финализирана пред финалето на Суперкупот на Европа против Севиља на 12-ти август.

Во моментов Милан располага со тројца голмани – Кристијан Абиати (37 години), Микаел Агаци (30 години) и Габриел (21 години). Со новиот тренер во лицето на Филипо Инзаги,„росонерите“ ќе бараат враќање во европските клубски турнири по неуспехот во минатата сезона, кога останаа на осмото место во Серија „А“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП