3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради финансискиот ферплеј, ПСЖ се откажа од Ди Марија!

Поради финансискиот ферплеј, ПСЖ се откажа од Ди Марија!

al halaifi

Ѕвездата на Реал Мадрид Анхел ди Марија се виде премногу скапа дури и за мултимилиардерите од ПСЖ. Ова го објави лично претседателот на францускиот клуб Насер ал Келаифи на денешната прес-конференција.

Всушност, бараните 80 милиони евра не се проблем за арапските сопственици на ПСЖ. Но тешкотиите доаѓаат од нормите за почитување на финансискиот ферплеј, кои веќе беа прекршени од ПСЖ и затоа клубот заработи казна од 60 милиони евра.

Шампионот на Франција веќе за 50 милиони евра го купи Давид Луис од Челзи, а не направиле значајна продажба и не можат да си дозволат да се фрлат уште 80 милиони евра, иако парите не се никаков проблем за раководството.

„Вистина е дека се водеа преговори со Реал Мадрид за Анхел ди Марија. Се сретнав лично со претседателот Флорентино Перес. Но играчот е прескап за нас и ставивме точка на разговорите“, изјави Ал Келаифи.

Аргентинецот има договор со европскиот шампион до 30-ти јуни 2018-та година. Шпанците му бараат нов тим, за да не ги нарушат и тие правилата на финансискиот ферплеј по купувањето на Хамес Родригез од Монако за 80 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП