2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлонсо сака 100 милиони евра за да остане во Ферари

Алонсо сака 100 милиони евра за да остане во Ферари

Formula One Grand Prix of Italy

Шпанецот Фернандо Алонсо сака 100 милиони евра за да остане во Ферари и да потпише тригодишно продолжување на договорот.

Според информации на италијанското списание „Аутоспринт“ тоа е условот, при што двократниот светски шампион е согласен да парафира на новиот договор. Овој договор истекува на крајот на 2016-та година. Во моментов Алонсо има 33 години и ако продолжи договорот, ќе остане во Маранело, додека не наполни 38 во 2019-та година

Сумата е практично удвојување на моменталната плата на Шпанецот. Според изданието во моментов Алонсо добива 18 милиони евра годишно.

Во исто време се наведува дека седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер земал 42 милиони долари по доаѓањето во Ферари. Во сегашни пари тоа е околу 35 милиони евра, а за тригодишен период – малку над 100 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП