28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУште пет години Бензема ќе биде „крал“

Уште пет години Бензема ќе биде „крал“

BENZEMA NOV

Карим Бензема, за кого се сметаше дека ова лето може да го напушти Реал Мадрид, потпиша нов договор со клубот.

Францускиот напаѓач го обнови договорот до 2019-та година, соопшти европскиот шампион во подоцнежните попладневни часови.

Досегашниот договор на Бензема му истекуваше во летото 2015-та година и практично тој е врзан со клубот за уште пет години.

Бензема одигра многу добро во последната сезона, во која забележа 17 гола и направи девет асистенции во 35 натпревари во шпанското првенство.

Тој се вклопуваат одлично на врвот на нападот со Кристијано Роналдо и Герет Бејл по крилата во формацијата 4-3-3 на тренерот Карло Анчелоти.

Иако веќе некое време се појавуваа гласини за интерес на Реал кон Радамел Фалкао, но на крајот не дојде до сличен трансфер, иако преодниот рок се уште трае, па така ништо не се знае.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП