28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Кралевите“ добија сериозен конкурент во битката за Фалкао

„Кралевите“ добија сериозен конкурент во битката за Фалкао

radamel falkao eu3

Откако веќе подолго време е посакуван од Реал Мадрид, колумбискиот централен напаѓач на Монако, Радамел Фалкао, сега е интересен и за Манчестер Сити, пишува „Газета дело спорт“.

Според италијанското издание, од една страна Фалкао е сакан од менаџерот на Сити, Мануел Пелегрини, а од друга – клубот бара чиста „деветка“ поради повредата на Негредо и лошата форма на Агуеро.

Според „Газета дело спорт“, има 70 проценти шанса Фалкао да се приклучи на шампионот на Англија.

Тренерот на Монако, Леонардо Жардим, сепак, овие денови објави дека голгетерот не е за продажба.

Но ако сепак Колумбиецот отиде во Манчестер Сити, тогаш тоа ќе значи дека Јувентус би бил многу блиску до привлекување на Стеван Јоветиќ.

Останува да се види каде Фалкао ќе настапува во следната сезона, дали тој ќе остане во Монако или можеби ќе ги промени клупските бои.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП