28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООфицијално Лампард е играч на „граѓаните“

Официјално Лампард е играч на „граѓаните“

Frank-Lampard-Man-City

Манчестер Сити официјално го објави трансферот на Франк Лампард, кој ќе игра во следните шест месеци на „Етихад“ како позајмен играч од Њујорк Сити.

Утрово легендарниот играч на Челзи ќе го одржи првиот тренингот со тимот. Тој ќе настапува со дресот број 18 и ќе биде пријавен за првенствените натпреварувања, но и за евротурнирите.

„Моето пристапување кон Манчестер Сити е одлична можност да продолжам да тренирам и играм на топ ниво и да сум сигурен дека ќе бидам во перфектна форма при моето враќање во Њујорк. Ова е ново поглавје во мојата кариера и јас сум навистина возбуден. Се сретнав со Пелегрини и со некои од играчите во Њујорк. Со нетрпение очекувам да започнам да тренирам и да му помогнам на Манчестер Сити“, изјави 36-годишниот Лампард.

„Френк е играч од светска класа и неговото доаѓање тука е совршена можност за сите – Манчестер Сити и Њујорк. Со нетрпение очекувам да започнам да работам со него и да го интегрирам во нашиот состав“, изјави менаџерот на „граѓаните“ Мануел Пелегрини.

Инаку, Лампард по 13 години како играч на Челзи одлучи да си замине од „Стемфорд Бриџ“, а како една од причините е тоа што тој не беше во плановите на Жозе Мурињо за новата сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП