Шпанскиот голман Хозе Реина ќе премине во Баерн, соопшти извршниот директор на баварците, Карл-Хајнц Румениге. Германскиот шампион ќе плати 2 милиони фунти (2.52 милиони евра) на Ливерпул.
„Веќе постигнавме договор и Реина е нашиот нов голман. Тој е многу искусен и навистина имавме желба да дојде во Минхен, иако Мануел Нојер останува број еден“, рече Румениге.
Минатата сезона 31-годишниот Реина настапуваше во Наполи, а му помогна на тимот да стигне до третото место во „Серија А“ и да се пласира за учество во Лигата на Шампионите.
Интерес кон него имаше од неговиот досегашен тим, како и од Милан. Во Ливерпул, пак, Брендон Роџерс се потпира на Симон Миноле.
Реина добро се познава со тренерот на Баерн, Хосеп Гвардиола, а двајцата беа соиграчи во Барселона во 2000-01 година.