Најбогатиот англиски фудбалски прволигаш Манчестер Сити, сака во летниот преоден период да го донесе надобриот бразилски фудбалер Нејмар (21), Манчестер Сити е подготвен да му понуди на Сантош надомест во висина од 57 милиони евра, објавија во средата британските медиуми.
Директорите на Сити, Феран Сориано и Тхики Беригистаин веќе имале разговор со менаџерот на Нејмар на 6-ти февруари во Лондон, кога на Вембли беше одигран пријателскиот натпревар помеѓу Англија и Бразил.
За најдобриот бразилски фудбалер Нејмар заинтересирана е и Барселона, но таа не е финансиски моќна како Манчестер Сити. Но, финансиската состојба на Нејмар е одлична, тој во Бразил минатата година само од спонзорите заработил 45 милиони евра.