28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо не се откажува од Варан!?

Мурињо не се откажува од Варан!?

A

Португалецот има намера да ја засили одбраната со фудбалерот кој лично го доведе во Реал Мадрид.

Рафаел Варан во Мадрид пристигна во 2011-та година, а токму Мурињо беше клучот за реализација на трансферот од Ленс.

Талентираниот 21-годишен фудбалер најверојатно е незадоволен од својот статус, но и со платата во Реал, па поради тоа бара преговори со челните луѓе, а Мурињо сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе „својот“ фудбалер во редовите на „сините“.

Инаку, Челзи во последните неколку недели активно се обидуваше да го доведе искусниот Миранда, фудбалерот на Атлетико Мадрид.

Сепак, поради тоа што не сакаше да ја зголеми понудата од 20 милиони фунти и да ја достигне сумата од 25, колку што стои во откупната клаузула на овој фудбалер, Мурињо вниманието го насочи кон младиот и талентиран Француз, за кој има многу високо мислење.

Англиските медиуми во своите информации за следните засилувања на Челзи наведуваат дека тимот од „Стемфорд Бриџ“ за ова лето заврши со трансферот на нови играчи.

Останува да се види дали ќе има промена на оваа ситуација и дали Мурињо ќе доведе некој нов играч во својот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП