27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMангала наскоро ќе биде нов член на „граѓаните“

Mангала наскоро ќе биде нов член на „граѓаните“

FBL-POR-LIGA-PORTO-OLHANENSE

Францускиот фудбалер на Порто, Елаким Мангала наскоро официјално ќе биде претставен како ново засилување на Манчестер Сити, тврди „Goal.com“.

Според авторитетниот сајт, „граѓаните“ се надеваат да потпишат со дефанзивецот уште денес и да го претстават пред медиумите. Трансферната сума е во вредност од 40 милиони евра.

Како што е познато, Мангала ги минал медицински прегледи во Манчестер уште во средината на месец јули, но потоа од двата клуба не се слушна ништо во врска со овој трансфер.

Интересно е дека на крајот на минатиот месец Манчестер Сити објави на официјалната страница видео со Мангала, во кое фудбалерот го минува медицинскиот преглед. Потоа видеото беше избришана од сајтот на клубот.

Во летниот преоден рок Сити веќе привлече фудбалер на Порто – Фернандо. Другите нови се Вили Кабајеро и Бакари Сања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП