27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНавас е новиот голман на „кралевите“

Навас е новиот голман на „кралевите“

navas real

„Кралскиот клуб“  уште пред неколку дена  го договори трансферот на костариканскиот голман од Леванте, но тој ќе биде претставен официјално во вторник (5-ти август) во 13,00 часот, откако ги помине задолжителните медицински прегледи.

Навас ќе се приклучи на подготовките на Реал Мадрид од вторник, кога продолжуваат тренинзите на „белите“ по враќањето на тимот од турнејата во САД.

27-годишниот голман ставил потпис на прелиминарен шестгодишен договор со Реал Мадрид, кој ќе стапи во сила од денеска и ќе важи до летото 2020-та.

Платата на Кеилор Навас ќе изнесува 1,8 милиони евра годишно.

Трансферот на Навас од Леванте во Реал Мадрид е во вредност од 10 милиони евра. Од нив 8 милиони евра се за клубот, а 2 милиони евра се за голманот.

Со доаѓањето на Навас значително се засили конкуренцијата на голманската позиција во Реал Мадрид, каде тренерот Анчелоти веќе ги има одличните Касилјас и Лопез. Но најверојатно овој вториот ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП