27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan и Mitsubishi ќе произведуваат електрично возило од 10.000 евра

Nissan и Mitsubishi ќе произведуваат електрично возило од 10.000 евра

NISSAN_MITSUBISHI_30

„Nissan“и„Mitsubishi“ формираа заедничка компанија за развој на мини електрични возила до 2016-2017-та, чија цена би требало да биде околу 10.000 евра.

„Nissan“, кој во 2010-та го претстави својот прв електричен автомобил, моделот „Leaf“, досега ширум светот продаде 124.000 примероци од овој автомобил.

Во компанијата истакнуваат дека, иако „Leaf“ е најпродавано електрично возило во Европа, продажбата би била многу подобра ако мрежата за станици за полнење би била поразвиена. Инаку, ова возило со едно полнење поминува и до 190 километри.

Како втора причина за незадоволувачката продажба на моделот „Leaf“, „Nissan“ ја наведува и високата цена. Иако во 2013-та „Nissan“ ја намали цената на овој автомобил на европскиот пазар, таа во просек и натаму се движи околу 25.000 евра.

„Mitsubishi“ исто така има искуство во производството на електричните автомобили.

Моделот „iMiEV“ е претставен во 2009-та со радиус на движење околу 150km, но и тој исто така е скап и не постигна значајни продажни резултати.

Двете компании веруваат дека новиот заеднички модел на електричен погон би остварил подобри продажни резултати со оглед дека неговата цена би требало да биде околу 10.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП