28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВрховниот суд во Мадрид го стопираше проектот за новиот „Бернабеу“ (видео)

Врховниот суд во Мадрид го стопираше проектот за новиот „Бернабеу“ (видео)

bernabeu nov2

Проектот за надградба и реновирање на „Сантијаго Бернабеу“ и околните површини е запрен. Тоа денес го најавија од Врховниот суд во Мадрид, цитирани од шпанските медиуми.

Причината е истрагата на Европската комисија за незаконска државна помош кон Реал Мадрид. Слична истрага се прави и за друг голем шпански клуб – Барселона.

Судската блокада на проектот е превентивна мерка за измена на општиот урбанистички план на шпанската престолнина.

Мегапроектот на Флорентино Перез беше претставен официјално во почетокот на годината, а според пресметките на раководството на „кралевите“, обновувањето само на стадионот е предвидено да чини 400 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП