27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПродолжува соработката меѓу Џеко и Сити

Продолжува соработката меѓу Џеко и Сити

edin dzekoto

Напаѓачот Един Џеко се договорил со Манчестер Сити за својот нов договор, пренесуваат англиските медиуми.

Преговорите со него беа идеја на тренерот Мануел Пелегрини, кој остана импресиониран од настапите на Босанецот минатата сезона, кога поранешниот играч на Волфсбург ги реши проблемите во напад за време на повредите на Серхио Агуеро и Алваро Негредо.

Според гласините околу договорот, на Босанецот не му било предложено зголемување на досегашната плата – 150 илјади фунти неделно – но тоа е тешко пред финансиските рестрикции. Токму заради нив на пример друг главен играч – Самир Насри – мораше да ја намали платата за да потпише.

Новиот договор на Џеко ќе биде до летото 2018-та година, а официјалното известување ќе излезе непосредно пред почетокот на сезоната во Премиер лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП