8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНа продажба дел од акциите на Манчестер Јунајтед

На продажба дел од акциите на Манчестер Јунајтед

gejzer man utd

Семејството Глејзер ќе заработи над 150 милиони долари од продажба на дел од акциите на Манчестер Јунајтед. Контролата во 20-кратниот шампион на Англија ќе биде зачувана од американските бизнисмени.

Браќа Глејзер продаваат околу осум милиони од акциите на „црвените ѓаволи“. По продажбата на предметниот удел на акции, Американците ќе имаат над 80 проценти од сопственоста на клубот од северниот дел на Англија.

Засега не е познато за што точно ќе се користат средствата кои ќе бидат заработени од оваа трансакција на американската берза.

Клубот е оценет на 3,2 милијарди долари на годишната листа на „Форбс“ и го зазема второто место во неа. Само пред една недела „црвените ѓаволи“ објавија огромен спонзорски договор со германскиот концерн „Адидас“ во вредност од 750 милиони фунти за десет години, како и неколку помали договори со различни компании.

Од ова лето на градите на играчите се појави и новиот генерален спонзор – „Шевролет“.

Семејството Глејзер го купи Манчестер Јунајтед во 2005-та година за околу 800 милиони фунти, кои беа пресметани како долг на компанијата сопственик на клубот, што од своја страна предизвика неколку бранови на протести против управувањето на Американците. Со текот на времето долговите се намалени до 326 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП