14 октомври, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКапело останува селектор на Русија

Капело останува селектор на Русија

kapelo pari

Италијанецот Фабио Капело ќе остане селектор на рускиот национален фудбалски тим и покрај неуспехот на Светското првенство во Бразил.

68-годишниот стратег одржа втора средба со раководството на руската фудбалска федерација и двете страни постигнале договор да ја продолжат заедничката работа.

Капело беше подложен на сериозни критики, откако Русија не успеа да излезе од најслабата група на мундијалот. „Зборнаја“ загуби од Белгија и оствари реми со Јужна Кореја и Алжир и остана на третото место со два бода.

Негативниот став кон Италијанецот беше зајакната со фактот дека тој е најдобро платениот национален селектор во целиот свет со малку над 10 милиони долари годишна плата.

Капело изјави дека руската фудбалска федерација и Министерот за спорт продолжуваат да веруваат во него. Тој додаде дека требало сам да ја напушти функцијата, ако почувствувал дека оваа доверба е исчезната.

„Штом сум тука, значи е јасно дека ќе продолжам да работам со рускиот национален тим. Веќе е потврдено“, изјави Капело пред руските медиуми по денешната средба.

Во јануари, Италијанецот го продолжи својот договор до 2018-та година, кога Русија ќе биде домаќин на светското првенство. Според некои медиуми во земјата во договорот му е утврдена казна во износ од 25 милиони долари, доколку тој биде предвремено прекинат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП