3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн подготвува одмазднички удар за Реал Мадрид

Баерн подготвува одмазднички удар за Реал Мадрид

sami baern

Баерн Минхен ќе му се одмазди на Реал Мадрид за трансферот на Тони Крос, така што ќе се обиде да го украде Сами Кедира, информира „Marca“ во водечкиот материјал на денешниот број.

И за да е поболен ударот, Германците планираат да го земат светскиот шампион бесплатно по истекот на неговиот договор во следното лето.

„Баварците“ се подготвени да му понудат повисока плата во споредба со онаа која тој ја зема на „Бернабеу“ во моментов. Поради недостигот на долгорочна поврзаност на Кедира со Реал, 27-годишниот фудбалер постојано се споменува за трансфер. Досега се сметаше дека Арсенал е со најголеми шанси.

Баерн зеде 30 милиони евра за Крос, но нема намера да ја плати трансферната сума за Кедира. Тука сега зборот веќе ќе го има и раководството на Реал што тешко дека ќе се согласи да го држи фудбалерот уште 11 месеци и да го остави да си замине како слободен агент.

Поверојатно е Шпанците да прифатат некоја понуда сега, за да не останат без ништо следното лето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП