2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Puma над очекувањата

Профитот на Puma над очекувањата

puma-headquarters222

Германскиот производител на спортска опрема „Puma“ работеше во вториот квартал со пад на оперативниот профит, кој, како што велат од компанијата, сепак е помал од очекуваниот.

Профитот бил таков благодарејќи на лансирањето на нови производи.

Добивката, пред трошоците за оданочување и каматата, паднала во второто тромесечие за 60 отсто, на 12.6 милиони евра, додека аналитичарите во просек очекуваа таа да изнесува 10.2 милиони евра, пренесуваат светските агенции.

Приходите на компанијата во споменатиот период, заклучно со јуни, пораснаа за 0.6 отсто, со исклучок на ефектите на флуктациите на валутите, додека на годишно ниво намалени се за 5.8 проценти или на 652.2 милиони евра.

Компанијата „Puma“ која во последните години заостанува на пазарот поради острата конкуренција од страна на „Nikе“ и „Adidas“, ги потврди предвидувањата за тековната бизнис година во која се очекува раст на нето профитот за три проценти и добивка пред оданочување и камата за пет отсто.

Вредноста на акциите на компанијата „Puma“ пораснаа денеска за 3.1 проценти или на 204.80 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП