18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИBose го тужи Beats поради кршење на дури 36 патенти

Bose го тужи Beats поради кршење на дури 36 патенти

beats bose

„Bose“ поднесе тужба против „Beats“ поради наводно кршење на нивната заштитена технологија во слушалките на „Beats“.

„Beats“, компанијата која ја купи „Apple“ за 3 милијарди долари кон крајот на мај, е обвинет од страна на „Bose“ за кршење на дури 36 патенти (22 признати и 14 кои се уште се во процес на прифаќање) поврзани со технологијата за поништување на позадинската бучава.

Во својата тужба „Bose“ бара од судот забрана за продажба на спорните уреди, детални информации за нивната досегашна продажба, т.е. соодветна отштета, вклучувајќи ги и судските трошоци.

Останува да се види како ќе реагираат од страна на „Beats“, заедно со новиот сопственик, „Apple“, на овие обвиненија и какви мерки ќе превземат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП