12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВидал му рече „да“ на Манчестер Јунајтед

Видал му рече „да“ на Манчестер Јунајтед

arturo man utd 2212

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед направил сериозни постапки за потпис со чилеанската ѕвезда, Артуро Видал. Според медиумите во татковината на халфот, тој веќе дал позитивен одговор на понудата на „црвените ѓаволи“.

Тој се договорил со шефовите на англискиот клуб да добива неделна плата од 120 илјади фунти неделно. Договорот ќе биде за наредните четири години. Но има и една пречка.

А таа не е за занемарување. Се уште нема договор меѓу Манчестер Јунајтед и сегашниот клуб на Видал, Јувентус. Од „старата дама“ најавија дека нема да се разделат за малку пари со својата ѕвезда.

Се очекува Јунајтед да плати 55 милиони евра за Чилеанецот. Агентот на фудбалерот, Фернандо Феличевич е притиснат од раководството на „бјанконерите“ да ја прифати оваа понуда, пишува весникот „Ел Меркур“.

Развој околу евентуалната зделка помеѓу двата клуба може да има уште до крајот на неделава.

Видал одигра 32 натпревари во минатата сезона во Серија А и му помогна на Јувентус да ја освои титулата, а притоа постигна 11 гола и 6 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП