6 октомври, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорусија Дортмунд бара спонзори за да го стигне Баерн

Борусија Дортмунд бара спонзори за да го стигне Баерн

vacke334

Борусија Дортмунд бара инвеститори кои ќе му помогнат на клубот да ја намали разликата во буџетот за плати во однос на Баерн Минхен и европските топ клубови, пишува Блумберг.

Борусија ќе го продаде 5% од акциите на клубот на два стратешки партнери до крајот на септември. Во јуни клубот продаде 9% од акциите на корпорацијата „Evonik Industries“.

„Тоа не треба да е задолжително со германски компании или дел од нашите сегашни спонзори. Стратешкиот партнер треба да стане инвеститор кој има долгорочен интерес за партнерство“, изјави извршниот директор на Борусија, Ханс-Јоаким Вацке.

Во 2000-та година Борусија пушти акции на берзата, но сите собрани средства беа потрошени во рок од 5 години.

Вацке исто така, истакна дека победата на Германија на Светското првенство во Бразил значително ќе го прошири бројот на приврзаниците на Бундеслигата и ги зацврсти позициите на германскиот шампионат пред склучувањето на новиот договор за продажба на телевизиските права.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП