21 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико Мадрид за 30 милиони евра го купи Гризман

Атлетико Мадрид за 30 милиони евра го купи Гризман

antoan grizman2

Раководството на Атлетико Мадрид официјално го објави привлекувањето на францускиот репрезентативец Антоан Гризман. „Јорганџиите“ се договорија со неговиот досегашен клуб Реал Сосиедад и денес оваа зделка беше објавена на интернет страната на мадриѓаните.

„Нашиот клуб се договори со своите колеги од Реал Сосиедад за трансферот на Антоан Гризман. На играчот му претстојат лекарски прегледи и официјално потпишување на договорот“, напишаа на сајтот на Атлетико.

За неговиот потпис беа платени околу 30 милиони евра. Тоа е клаузулата за раскинување на неговиот договор со баскискиот клуб и таа беше платена.

23-годишниот Французин тргна од клупската академија на Реал Сосиедад и освои место во стартниот тим во 2009-та година. Тој досега има над 200 натпревари за својот довчерашен клуб.

Во летото Гризман учествува на Светското првенство во Бразил и стигна до четвртфинале со „петлите“. Токму тогаш настапите му беа забележани од голем број на водечките клубови, но Атлетико Мадрид беше меѓу првите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП