4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДи Марија се налути на ПСЖ, сака во Јунајтед!?

Ди Марија се налути на ПСЖ, сака во Јунајтед!?

di maria psg

Трансферната сага околу Анхел ди Марија продолжува со полна пареа и се очекува дека ќе заврши во наредните денови.

Крилото на Реал Мадрид е незадоволен од одолговлекување на преговорите меѓу кралскиот клуб и ПСЖ за негов трансфер и веќе е подготвен да размислува и за други опции за својата иднина.

Според одредени медиуми, Ди Марија, кој се уште е на одмор порадиучеството на СП 2014, го изгубил трпение и побарал лично од претседателот на ПСЖ Насер Ал-Хелаифи да го форсира договорот, во спротивно ќе започне преговори со Манчестер Јунајтед.

„Светците“ се уште не можат да ги платат бараните од Реал 60 милиони евра, бидејќи ризикуваат да ги прекршат правилата за финансиски ферплеј. Тоа значи дека францускиот клуб треба да продаде некоја од ѕвездите пред да го доведе Ди Марија.

Во исто време Аргентинецот всушност е посакуван и на „Олд Трафорд“, но раководството на Манчестер Јунајтед не е подготвено да му дава годишна плата од 8 милиони евра, колку што ќе добива ако потпише со ПСЖ.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП