5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФалкао пристигнува како позајмен играч на „Бернабеу“

Фалкао пристигнува како позајмен играч на „Бернабеу“

falkao real 883

Засилувањето на селекцијата на Реал Мадрид продолжува со полна пареа. Откако ги доведе Хамес Родригез и Тони Крос, кралскиот клуб постигнал договор со Монако за Радамел Фалкао, тврди „ABC“.

Според изданието, раководствата на двата тима постигнале договор и колумбискиот голгетер ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу“, но како позајмен играч. Во договорот ќе има клаузула за одрекување, а самата позајмица ќе го чини Реал 12 милиони евра.

Ако Фалкао се покаже во одлично светло во редовите на „кралевите“ и Шпанците побараат да го задржат, тогаш тие ќе треба да доплатат уште 33 милиони евра.

Фалкао заработи тешка повреда во јануари, поради која го пропушти Светското првенство. Колумбиецот веќе се опорави и ги стартуваше подготовките со Монако.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП