14 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед го посакува Кавани, дури може да го замени за Руни!?

Јунајтед го посакува Кавани, дури може да го замени за Руни!?

kavani runi

Раководството на Манчестер Јунајтед има подготвеност да плати 64 милиони евра, за да ја привлече ѕвездата на ПСЖ, Единсон Кавани, пренесува „A Bola“.

Според изданието дури постои веројатност за размена на фудбалери меѓу двата клуба. Ако кон Манчестер замине Кавани, тогаш кон францускиот клуб може да се придружи англискиот репрезентативец Вејн Руни.

Во изминатиот шампионат 27-годишниот напаѓач настапи на 30 натпревари во Франција, а притоа постигна 16 погодоци.

Единсон Кавани беше дел од репрезентацијата на Уругвај на Светското првенство во текот на летото. Во Бразил фудбалерот постигна четири гола.

Во последните недели се појавија контрадикторни информации за иднината на играчот на ПСЖ. Според едни, тој побарал да остане во тимот, но според други дал знак дека сака да заигра во Англија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП