11 октомври, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса ја засили одбраната со Матије

Барса ја засили одбраната со Матије

zeremi matije212

Францускиот дефанзивец на Валенсија Жереми Матије ќе премине во Барселона за сума од 20 милиони евра, потврдија денес од каталонскиот клуб.

„Матије ќе потпише договор со Барселона за наредните четири години, со опција за продолжување за уште една. Вредноста на трансферот е 20 милиони евра, а клаузулата за одрекување – 50 милиони“, се вели во соопштението на „каталонците“.

30-годишниот Матије ќе го засили центарот на одбраната на „каталонците“, откако тие минатата сезона не успеаа да дојдат до посакуваните трофеи, а последната линија во тимот носеше значителна вина за неуспехот. Тие го освоија само Суперкупот на Шпанија на почетокот на сезоната.

Французинот, кој може да игра и како лев бек играл уште за Тулуз и Сошо во својата татковина. Тој е петтото ново засилување на Барселона за ова лето.

Пред него на „Камп ноу“ пристигнаа напаѓачот Луис Суарез од Ливерпул, халфот Иван Ракитиќ од Севиља и голманите Марк-Андре Тер Штеген од Борусија Менхенгладбах и Клаудио Браво од Реал Сосиедад. Со трансферот на Матије „каталонците“ поминаа 140 милиони евра за селекција.

Фудбалерот Цеск Фабрегас и крилото Алексис Санчез беа продадени на Челзи и Арсенал. Од двајцата Барселона доби 70 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП