2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Јорганџиите“ го посакуваат Пасторе

„Јорганџиите“ го посакуваат Пасторе

javier-pastore223

Халфот на ПСЖ, Хавиер Пасторе може да премине во Атлетико Мадрид, тврди „AS“.

Според изданието, раководството на „јорганџиите“ веќе се обратило кон колегите од ПСЖ за барање на цената на Аргентинецот.

Пасторе не беше стартер во минатата сезона и иако одигра неколку силни натпревари во крајот на сезоната, но Лорен Блан е склон да се раздели со него.

Шансите за продажба на 25-годишниот техничар се зголемија по привлекувањето на Давид Луис. ПСЖ фрли 50 милиони евра за дефанзивецот на Челзи и ќе треба да продаде некоја од ѕвездите, за да ги испочитува правилата за финансискиот ферплеј.

Диего Симеоне гледа во лицето на Пасторе одлична опција за заменик на Диего, кој го напушти „Висенте Калдерон“ и се приклучи на Фенербахче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП