Англискиот гигант Манчестер Јунајтед е подготвен да понуди 42,5 милиони фунти за чилеанскиот репрезентативец Артуро Видал од Јувентус.
Според медиумите, „црвените ѓаволи“ дури сакаат да го вклучат и Португалецот Луис Нани како адут во трансферот, бидејќи според различните гласини Видал е проценет на 45 милиони фунти.
На новиот менаџер на Јунајтед, Луис ван Гал, многу му допаѓа Чилеанецот, а уште во 2011-та година тој се обидел да го земе во Баерн.
Самиот Видал не престанува да тврди дека сака да остане во Јувентус, а директорот Павел Недвед исто така, потврди за време на викендот дека ниту Видал, ниту Пол Погба ќе го напуштат клубот.
Чехот сепак си остави дупка, додавајќи дека „бјанконерите“ сепак ќе ги разгледаат сите понуди, па можеби некоја ќе ги задоволи нивните вкусови.